Опции на ASCII-филтер
Можете да одредите кои опции, како што се основен фонт, јазик, множество знаци или прелом, се внесуваат или изнесуваат со текстуалниот документ. Дијалогот се појавува кога ќе вчитате ASCII-датотека со филтерот „Кодиран текст“ или кога за првпат го зачувувате документот, или кога го зачувувате под друго име.
Својства
Ги одредува поставувањата за изнесување и внесување на вашата датотека. Кога изнесувате, се одредуваат само множеството знаци и преломот на пасус.
Множество знаци
Го одредува множеството знаци на датотеката за изнесување или внесување.
Стандардни фонтови
Со поставување на стандарден фонт, вие одредувате дека текстот треба да е прикажен во одреден фонт. Стандардните фонтови може да се изберат само при внесување.
Јазик
Го одредува јазикот на текстот, ако тоа досега не е дефинирано. Ова поставување е достапно само при внесување.
Прелом на пасус
Го одредува типот на прелом на пасус за ред од текстот.
CR и LF
Вметнува знак со кој се обележува крај на пасус и почеток на нов, „Carriage Return - CR“, и знак со кој се обележува крај на ред, „Linefeed - LF“. Оваа опција е стандардна.
CR
Вметнува знак со кој се обележува крај на пасус и почеток на нов, „Carriage Return - CR“, како прелом на пасус.
LF
Вметнува знак со кој се обележува крај на ред, „Linefeed - LF“, како прелом на пасус.